Новости

Занимливости

Како школките прават бисери?

Школките се единствените морски и езерски животни кои имаат способност од нешто што е непотребно и нечисто, да направат нешто што е многу убаво, елегантно и скапо. Бисерите кои наназад во минатото биле одлика и незаменлив дел од накитот на луѓето од високата класа, школките ги изработуваат за ни помалку ни повеќе, туку токму за цели седум години. Како настанува бисерот во внатрешноста на школката, односно како е возможен тој процес?

За да започне процесот доволно е во внатрешноста на школката да влезе само едно мало зрнце песок. Потоа школката со нејзината внатрешност од седеф почнува да формира слоеви околу зрнцето песок. Сите нејзини внатрешни жлезди лачат материја од седеф со чие многугодишно таложење се добива крајниот резултат – бисерот. Во текот на целиот процес школката го негува, го гали и го усовршува бисерот. Во зависност од бојата на седефот, т.е. од внатрешноста на школката, се добиваат и бисери во најразлична боја како бели, розови, кремови, сиви и црни.

Морските тропски остриги се најпознатите школки кои произведуваат високо квалитетни и многу барани бисери поради убавиот обоен седеф, но исто така и другите видови на школки произведуваат бисери, кои во споредба со првите се со многу помала или скоро никаква вредност. Причината за високата цена на бисерите е времето од седум години кое е потребно да помине за една школка да може да направи убав и беспрекорен бисер. Замислете колку е прекрасна и неверојатна оваа наша природа која им дарила можност на школките да прават бисери!

GOLD
SN Finansii
To Top