Новости

Занимливости

„Лего“ наскоро ќе произведува еколошки коцки

Данската компанија „Лего“ соoпшти дека почнала со производство на ботанички елементи и делови (како што се листови, грмушки и дрвја) што се направени во целост од пластика од растително потекло.

Овие делови на пазарот ќе се појават кон крајот на годината и ќе се продаваат во комплет со останатите коцки и фигури кои ги произведува „Лего“.

Компанијата, која постои 85 години, се обврза до 2030 година се повеќе да употребува одржливи материјали во своето производство, вклучувајќи ги и коцките.

Целта на „Лего“ е да ги замени досегашните суровини кои се базираат на фосилни горива и да употребува пластика од био-суровини.

Новите елементи ќе се произведуваат од пластика добиена од шеќерна трска, која е издржлива како и класичната пластика, но ќе може повеќекратно да се рециклира и е стопроцентно биоразградива./МИА

GOLD
To Top