Новости

Занимливости

НАСА со голема прес конференција откако вештачката интелигенција открила нешто во вселената

НАСА ќе одржи голема прес-конференција откако нејзиниот телескоп што „лови“ планети направи голем чекор напред.

Космичкиот телескоп „Кеплер“ на НАСА служи за откривање на други планети кои би можеле да понудат услови за живот. Неодамна телексопот открил нешто доволно значително за НАСА да најави голема прес-конференција.

Нема многу познати информации во врска со објавата на прес-конференцијата што ќе се случи во четврток. Но голема е веројатноста да се однесува на егзопланетите – планети со големина на Земјата кои орбитираат околу своите ѕвезди и се најголемата надеж за пронаоѓање на вонземски живот.

Вселенската агенција изјави дека откритието било направено со помош на вештачката интелигенција на „Гугл“, што се користи за анализа на податоците испратени од телескопот. Со користење на машинско учење обезбедено од технолошкиот гигант, НАСА се надева дека побрзо ќе може да ги избере можните планети и побрзо да пронајде планети што поддржуваат живот.

Четири инженери учествувале во мисијата – Пол Херц, кој го води одделот за астрофизика во НАСА, софтверски инженер на „Гугл“ и двајца научници.

Телескопот „Кеплер“, бил лансиран во 2009 година кога научниците не знаеле колку егзопланети има. Покажал дека тие се изненадувачки чести, индицирајќи дека секоја ѕвезда има сопствена планета. Телексопот ја завршил својата главна мисија во 2012 година, но продолжил да работи. Во 2014 година започнал со голема мисија наречена „К2“, со која се бараат повеќе егзопланети како и проучување на други космички феномени.

Огромната количина на податоци што доаѓаат од телескопот значи дека научниците имаат проблем да ги издвојат и да пронајдат планети што би можеле да бидат интересни. Воведувањето на употребата на вештачка интелигенција е наменето да помогне во тоа, дозволувајќи им на компјутерите да го работат токму ова.

Мисијата на „Кеплер“ веќе донела неколку големи откритија, откривајќи универзум полн со планети кои теоретски би можеле да поддржат живот.

Извор:Факултети.мк

GOLD
SN Finansii
To Top