Новости

Занимливости

НАСА ќе лансира возило на Марс во обид да пронајде вонземски живот

НАСА го откри роверот со кој се надева дека конечно ќе пронајде вонземјани на Марс. Новото, подобрено возило ќе се упати на планетата како дел од мисијата „Марс 2020“. Ќе бара знаци на стар микробиолошки живот на планетата, за која досега се сметаше дека е ненаселена.

Ова возило е следбеник на роверот на „Кјуриосити“ од 2012 година, кој уште се наоѓа на површината на Црвената Планета. Изгледаат слично, но новиот ровер има дополнителни 7 нови инструменти и редизајнирани тркала. Со неговите сензори ќе може да се анализира теренот на планетата, ќе се собираат различни примероци од почвата и од карпите. Роверот користи 85% проценти од истите компоненти како својот претходник. Податоците што беа собрани и од „Кјуриосити“ ќе бидат повторно анализирани со користење подобра технологија, технологија која ќе дозволи да се детектираат знаци на живот на ниво на микроби. Со спектрометар со х-зраци ќе се идентификуваат точки мали како зрно сол, а со ултравиолетовиот ласер ќе може да се види обично невидливиот сјај што произлегува од прстените од јаглеродни атоми. Со други зборови, ќе се собираат научни податоци на начини што порано не биле возможни.

Роверот ќе се носи на Марс преку користење нова основа, која ќе биде однесена во вселената, како и со специјален кран. Се развива и нова технологија која ќе му овозможи да посети локации што биле премногу ризични за „Кјуриосити“.

НАСА успешно одвела вселенски летала на Марс веќе 7 пати, а ја користи Интернационалната вселенска станица за подготвување човечки мисии на Месечината и на Марс.

Извор:Факултети.мк

To Top