Новости

Занимливости

Навивачките на Северна Кореја се под постојан надзор на Олимпијадата

229-те навивачки на Северна Кореја ја исполнија својата мисија. Неверојатно синхронизирани, навиваа за своите спортисти, но и тоа не помогна во освојувањето медали. Сепак, нивните лица беа дел од поголем број светски медиуми.

„Армијата на убавици“ од Северна Кореја привлече многу внимание со координираните рутини, но за да дојде до тоа, тие се принудени на режим и послушност. Има и ригорозни услови што треба да се исполнат за да може една девојка да се приклучи во групите навивачки.

1. Се работи за неплатена позиција. Групата се собира за тренинзи кои траат со месеци, пред големи настани како Олимпијадата.

2. Навивачките мора да бидат повисоки од 160 см, да имаат заоблено лице, големи очи и чист, висок глас.

3. Членовите на групата навивачки се тинејџерки или во раните 20-ти години.

4. Навивачките не смеат да имаат членови на семејството што пребегнале од земјата, а истото важи и за оние што имаат семејни врски во Јапонија.

5.  Многу од навивачките се регрутирани од Универзитетот „Ким Ил-сунг“, додека другите доаѓаат од групи за перформанси.

6. Дезертерката и поранешна навивачка Хан Сео-хи изјавила дека првпат била избрана да настапи во оркестар кога имала 8 години. Потоа била регрутирана во навивачката група.

7. Хан додала дека тренерите биле навистина добри, но очекувале перфекција.

8. Во „Њујорк тајмс“ објавиле дека навивачките сакале да се занимаваат со ова за да ја искористат можноста да патуваат како привилегирани лица.

9. За Северна Кореја, навивачката група повеќе е за покажување сила отколку забавување на публиката, што е сосема спротивно за Јужна Кореја.

10. Како и другите спортисти, и навивачките никогаш не се оставаат сами. Мора да патуваат со ментори постојано и ги користат тоалетите во групи.

11. Ако некоја навивачка се оддалечи од линијата на движење, може да биде казнета. Во 2006 година 21 навивачка биле испратени во затворски камп за да се дискутира за нивната постапка.

12. Ниту една не смее да побегне, односно да дезертира. Целата екипа вклучува дури 500 делегати кои треба да се осигурат дека никој од спортистите или навивачките нема да побегне. Дури и ако некој побегне, тоа значи затворска или смртна казна за семејството што останало дома.

Evrotip
Евротип
To Top