Новости

Занимливости

Направете и подарете мартинка – доаѓа пролетта

Мартинката која е висулец од засукани конци, денес, на почетокот на месец март, се дава за здравје некому. Овој обичај се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Македонија ги носат и мажи и жени.

Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна.

Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега.

КАКО СЕ ПРАВИ МАРТИНКА:

Земате еден бел и еден црвен конец – по можност волнен или дебел вештачки.Ги заврзувате двата конца еден за друг. Замолувате пријател да го држи единиот крај на конците, вие држејќи го другиот (ако нема кој да помогне, го врзувате едниот крај за нешто). Го затернувате конецот и почнувате да засукувате помеѓу прстите само во една насока. Ги вртете конците, додека не почнаат да се завиваат еден со друг, и тоа на ситни суканици. Внимателно ги собирате двата краjа и ги пуштате. Земате еден картон со димензии 5 на 6 см преклопете го на две. Започнувате да го замотувате белото и црвеното предиво околу него, така што од единиот краj да се одминува од другиот. Замотувајте колку пати сакате. Колку повеќе обиколки, толку подебела е Пенда. Го сечете конецот.Го поминувате пресуканиот конец во свитканиот дел на картонот. Разделете ги со ножици завитканите делови на местото каде што нема картон. Така се добиваат ресичките. Извлечете го внимателно картонот и вржете ги двата краjа на ширина. Потоа со друг конец или со дел, пресечена од ширината, врзете подолу, за да направите глава.

Подарете ја мартинката за среќа и здравје некому!

GOLD
GoldSlot
To Top