Новости

Занимливости

Почнува тестирање врз луѓе на вакцината против рак – ги напаѓа сите тумори

Револуционерна вакцина против рак, која напаѓа тумори низ целото тело, влегува во фаза на тестирање врз луѓе, а научници од Универзитетот Стенфорд тврдат дека само една инјекција поттикнува имунолошка реакција на организмот и се напаѓаат сите тумори кои евентуално метастазирале, пишува МИА.

Како што објавуваат американски медиуми, тестирањето врз луѓе почнува откако тестирањето врз глувци, според научниците, поминало „исклучително добро“.

Деведесет отсто тестирани животни биле излекувани по само една инјекција, а останатите по само уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил низ целото тело. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Science Medicine. 

Иако терапијата се нарекува „вакцина против рак“, разликата во однос на другите класични вакцини е што таа се дава на луѓе кои веќе се болни.

GOLD
To Top