Новости

Занимливости

Приказната за малиот Фродо ја враќа вербата во добрината и љубовта

Луѓето кои пред осум месеци го пронајдоа ова куче во Хрватска го нарекоа Фродо, бидејќи личеше на ликот од „Господар на прстените“. Но, факт е дека повеќе личеше на Голум.

Минатиот мај некој го затекна ова куче изгладнето, рането и повредено на патот. Очите му беа инфицирани. Изгледаше застрашувачки. Клаудија Сигурњак, која е ветеринар и се бави со спасување животни го зеде надевајќи се дека може да му помогне.

-Бев затекната. Не можев да верувам дека тоа е навистина куче. Веднаш организирав негово спасување. Беше полн со болви и крлежи, направен кожа и коски, не бевме сигурни дали ќе преживееме, раскажува Сигурњак.

Иако беше невозможно да се спаси неговото десно око, тој докажа дека е вистински борец, Заедно со влакното, Фроди го поврати и веселиот дух.

 

-Неговата трансформација е феноменална. Не ни сонувавме дека ќе биде толку убав, вели таа.

Бидејќи се опорави, Фродо е вдомен и е миленик на млад брачен пар со кој живее.

Погледајте како изгледа денес.

Љубовта чини чуда.

Noizz.rs

GOLD
GoldSlot
To Top