Новости

Занимливости

Проект за населување егзопланети со роботи

Во изминатата деценија бројот на ново пронајдени планети се зголеми. Поради тоа, прашањето за можно нивно истражување постојано се поставува. Се јавува и константното прашање што човештвото си го поставува, а тоа е дали сме сами во универзумот?

Еден од најинтересните проекти во таа смисла е проектот „Битие“, чија цел е обид за населување далечни планети. Се планираат роботски мисии преку кои би се пренел микробиолошки живот на егзопланетите кои би биле транзитни живеалишта.

Егзопланетите доаѓаат во различни големини, температури и композиции. Целта на проектот „Битие“ е да се понуди живот како на Земјата во алтернативни еволуциски патишта, на егзопланетите кои се потенцијално живеалиште, но сепак на нив нема развиено живот. Ако има добри услови, научниците сметаат дека едноставниот живот може да се развие многу брзо, но за комплексниот живот потребно е повеќе време. Примарна цел се планетите што содржат кислород. Голема е веројатноста овие планети да се стерилни бидејќи имаат пробиотски услови, а се верува дека вакви планети има милијарди во нашата галаксија.

Прво би се испратиле едноклеточни организми. Потоа би се испраќале организми што се хранат со други организми. Ако се користи напредна технологија, најверојатно ќе се креираат минимизирани фабрики за гени. Ќе се испраќаат во „банки“ за гени, а потоа ќе се селектираат најоптималните организми за да се враќаат назад. Ако тоа не е можно, тогаш во план се замрзнати бактерии. Сето тоа зависи од достапната технологија во моментот.

Тестирањата ќе подразбираат лансирање на многу брзи, малечки и лесни содржини во друг систем, односно околу 1 грам. Истата ласерска технологија може да испраќа и помасивни содржини, но многу побавно.

Се разбира, има низа критики и коментари во врска со овој план. Од религиски аспект, многумина сметаат дека човекот не треба да ја презема улогата на Бог. Сепак, проектот „Битие“ не е за креирање живот, туку да се даде можноста животот да продолжи да се развива, не само на Земјата туку и на друго место во универзумот. Етичкиот сегмент во целата приказна е дека во центарот на вниманието е доброто на видовите, односно она што е добро за сопствениот вид. Во секој случај, во проектот се инвестирани големи парични средства, а и очекувањата се на високо ниво.

Извор:факултети.мк

To Top