Новости

Занимливости

„Соба за тага“ – хитот на Тоше Проевски ја напишал затвореник обвинет за убиство на љубовникот на неговата сопруга!

Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“. До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.

На кратко, пред се би ве потсетиле на рефренот од истиоимениот текст, а потоа ќе ви ја откриеме и целата вистина на авторот кој стои зад трагичните зборови.

„Помеѓу врати и прозорци
на кревет спомени лежат
тука се моите чекори
но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам
сите си мислат дека се кријам
нема да пројде само од себе
се ме боли после тебе !“

Легендата вели, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата казна за убиство на љубовникот на нејзината сопруга.

Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.

Кружат гласини и дека затвореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило.

Но, секогаш постојат два правци, две приказни, две вистини, две легенди. Втората приказна е сепак малку поблага помалку драматична. Таа објаснува дека сепак станува збор за затвореник, но тој не одлежувал казна за убство, туку за кражба на банка. А песната била напишана за неговата девојка.

Сепак, за нас поверодостојна би била првичната легенда, особено штом добро би ги анализирале зборовите: „нема да пројде само од себе
се ме боли после тебе !”

Karmen
To Top