Новости

Занимливости

Успешно лансирана ракетата „Фалкон Хеви“ на Илон Маск

Илон Маск штотуку ја лансира својата нова ракета „Фалкон Хеви“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ракетата успеала да се подигне без инциденти и да се искачи високо над Атлантскиот Океан, а се сметаше за ризичен тест пред полетувањето.

Генералниот директор на „Спејс Екс“ изјави дека предизвиците поврзани со развивањето на новата ракета значат дека шансите за успешност можат да бидат само 50:50.

Со своето деби, Фалкон Хеви“ има цел да стане најспособното возило за лансирање некогаш достапно. Дизајнирано е да испорача максимална носивост од 64 тони – еквивалент на поставување пет лондонски автобуси во вселената.

За овој експеримент и неизвесна мисија, Маск се одлучил за многу помал товар – неговиот стар спортски автомобил „тесла“. Била поставена кукла на возачкото седиште, а на радиото одела песната „Space Oddity“ од Дејвид Боуви.

Ако сите фази на летот се успешни, а за тоа нема да се знае најмалку 6,5 часа по полетувањето – „тесла“ и патникот ќе бидат испратени по елиптична орбита околу Сонцето што ќе стигне до планетата Марс.

Студирајте на БАС
To Top