Новости

Занимливости

Утринско или вечерно туширање?

Станува збор за вeчна дилема што се обиделе да ја разрешат научниците од Харвард. Иако и двата термини за туширање имаат и добри и лоши страни сепак едниот од нив има посилна препорака од научниците.

Утринско туширање

Според Шили Карсон, професорката по психологија на Харвард, утринското туширање е препорачливо кога имате стресен период на работа или кога сте под притисок да бидете креативни. Таа смета дека туширањето ја поттикнува креативноста бидејќи ве опушта и ве буди.

– За време на утринското туширање се опушта вашиот когнитивен процес, се обновува и се регенерира, а вашите идеи и решенија ќе се појават сами од себе. Па ако имате проблем или недостиг на креативност, решението е токму утринското туширање – објаснува Шили Карсон.

Туширање навечер

Ова е корисно за оние што не можат да заспијат навечер, бидејќи го намалува нивото на кортизол што се поврзува со ослободување од стресот. Туширањето ја регулира и температурата на телото, па затоа полесно заспивате.

– Студот што го чувствуваме кога ќе излеземе од кадата често е природен индуктор на сонот. На тој начин вечерното туширање е единствениот начин да го измамите своето тело и да го убедите дека е време за спиење“, вели доктор Кристофер Винтер.

Дерматолозите пак тврдат дека туширањето навечер ја одржува кожата чиста, бидејќи правот и бактериите се акумулираат во текот на денот.

Совет

Намалете го временскиот период на туширање. Дневно туширајте се околу 3 минути, никако подолго, а температурата на водата не треба да надминува 35 степени.

Студирајте на БАС
To Top