Новости

Занимливости

3 музички фестивали кои мора да ги посетите ова лето

Можеби сѐ уште е рано за лето, но пополека треба да ги планираме следните патувања, посебно ако сакаме да присуствуваме на некаков музички фестивал. Настан од светски рамки и со илјадници посетители.

Потребно е што побрзо да си обезбедиме влезници, барем додека се поевтини.

Следува листа на музички фестивали кои речиси и да се водечки настани ова лето во Европа:

ХЕЛФЕСТ

Еден од најголемите европски хеви-метал фестивали Хелфест и ова лето од 22 до 24 јуни во малиот француски град Клисон ќе биде збирно место на неколку десетици илјади посетители.

На шест сцени ќе свират повеќе од 160 бендови, меѓу кои Iron Maiden, Nightwish, Alice in Chains, Мерлин Менсон и уште многу други.

ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ

Од 12 до 15 јули Петроварадинска тврдина во Нови Сад ќе биде окупирана од голем број на млади луѓе кои ќе уживаат во еден куп незаборавни музички настапи.

Од Fever Ray и Ziggy Marley, до Adam Beyer, B2B и Tale Of Us, овогодинешниот Егзит фестивал ќе биде уживање и за најпребирливите.

ЗИГЕТ ФЕСТИВАЛ

Artic Monkeys, Dua Lipa, Gorillaz, Kygo, Parov Stelar се само дел од музичките имиња кои ќе настапат во фестивалот Зигет во Будимпешта од 8 до 15 август. Музика, забава, пријатели и патување – тоа е дефиниција за незаборавно лето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: ЦрноБело

Evrotip
Евротип
To Top