Новости

Занимливости

93-годишна баба отишла да волонтира во Кенија

Годините се само изговор и ништо повеќе. Во случај да не верувате, приказната за една бабичка која во поодминати години замина за Африка за да стори преубав гест, сигурно ќе ви го промени мислењето.

Баба Ирма има 93 години и тргна од Италија во Кенија да волонтира три недели во сиропиталиште, напиша на Фејсбук една од нејзините внуки и на тој начин Ирма брзо стана ѕвезда на социјалната мрежа.

Внуката Елиза Колтро ја поставила фотографијата од нејзината баба со стап в рака и црвен куфер и напиша: „Ова е мојата баба Ирма, девојка од 93 години која во понеделникот замина за Кенија, но не како турист, туку да волонтира во сиропиталиште“.

За помалку од два дена пораката е поделена 13.000 пати и имаше неколку илјади коментари. Италијанските медиуми веднаш се заљубија во абаба Ирма заради нејзиниот гест. Ги пронашле нејзините роднини кои рекле дека останала вдовица на 26 години и дека сама ги одгледла трите деца. Бабата е со потекло од Венеција, а на пат во Кенија замина со својата ќерка и цврста желба да помогне во сиропиталиштето.

GOLD
GoldSlot
To Top