Новости

Занимливости

(Видео) Кубер Пиди, градот кој живее под земја – 9 метри под земја се наоѓа и православна црква

Кубер Пиди е рударски град  кој се наоѓа во пустина во јужна Австралија, каде температурите во текот на летото достигнуваат 50 степени Целзиусови. Дождот е ретка појава, па поради тоа поголемиот дел од населението живее под земја.

Во градот живеат околу 3.500 жители, од кои повеќето се вработени во рудникот.

Интересно е што тука се наоѓа и црквата „Свети Пророк Илија“ која и припаѓа на Српската православна црква, дел од Австралиско-новозеландската епархија.

Црквата е изградена во 1993 година на длабочина од 9 метри, вкупна должина од 30 метри.

Заради неможноста да се цртаат фреските на земјата која, тие се нацртани на стакло.

Неколку фрески се изрезбани во самиот камен.

Поради својот необичен начин на живот, Кубер Пиди стана лесно достапна туристичка атракција, која што ја посетуваат луѓе од целиот свет.

Жителите за ноќевање во подземните соби на хотелот Дезер Кејв наплаќаат по околу 100 евра по лице.

GOLD
To Top