Новости

Занимливости

За првпат детектирани планети надвор од нашата галаксија

За прв пат во историјата, астрофизичари откриле планети надвор од нашата галаксија, т.е Млечниот Пат. Овие екстрагалактички планети се со маси помеѓу оние на Месечината и Јупитер и целосно ги потврдуваат сомнежите дека нашата галаксија не е единствената со планети.

Одговорни за ова откритие се научниците од универзитетот на Оклахома, а тоа било постигнато со техниката “microlensing” – астрономски ефект каде гравитациското поле на некој објект ја превиткува светлината од ѕвезда или квазар кога поминува пред неа. Кога еден таков објект се наоѓа помеѓу Земјата и изворот на светлина, овој ефект креира слики кои можат да бидат детектирани на Земјата.

Досега, сите објекти откриени со оваа техника биле дел од Млечниот Пат.

Новата галаксија која била откриена е лоцирана на 3.8 милијарди светлосни години од нас и не постои никаква шанса за директно набљудување на планетите во неа, дури ни со најдобрите телескопи.

Но, затоа пак можеме да ги студираме, го откриваме нивното присуство, па дури и да имаме генерална претпоставка за нивните маси.

 

GOLD
SN Finansii
To Top