Анџелина Џоли во лежерна комбинација - можно ли е нешто да се крие зад оваа широка туника? - Шеталиште

Новости

Женски муабети

Анџелина Џоли во лежерна комбинација – можно ли е нешто да се крие зад оваа широка туника?

Се чини дека на оваа филмска дива тотално и здодеале папараците и оние досадни новинари и следбеници кои константно го критикуваат нејзиниот изглед, во позитивна или негативна смисла.

Затоа, овој пат Анџелина Џоли одлучи да излезе во јавност на обична т.н.„небрендирана“ прошетка облечена во ниска мода и не толку познати имиња на креатори кои обично досега ги носела на себе.

Со популарните е тешко. Нивниот приватен живот е под постојан надзор и тие не само што имаат куп работа и се преокупирани со безброј снимања кои траат со денови, тие штом станува збор за модата, во слободните денови треба да внимаат на се што носат на себе и тоа до најмали детали. А штом сме кај тоа, би споменале дека на пример, овие лица, немаат потреба да ги објавуваат своите свршувачки или да објавуваат бременост и слично.

Папараците сето тоа лесно го доловуваат, а прстенот тие уште не знаат, но нас со сигурност не упатуваат од каде е купен, колку вреди, колку карати е и така натаму.

Оние ,,лажните трудници“  за кои се шпекулира дека се бремени, треба да внимаваат и да не претеруваат со нивните тесни фустани, но исто така и со широките и лежерни комбинации и тоалети кои ги кријат нивните облини или …Би можело ли да значи дека и во овие фотки неодоливата Анџелина Џоли нешто крие? Можно ли е?!

To Top