Новости

Женски муабети

Бегајте од оние мажи кои исчезнуват!? Прашaње или предизвик?

Вие сте полудувале по него. Тој е маркантен, единствен, но и екстремен и таинствен. Се започнува како од бајка. Тoj знае како со дамите, но очигледно дека дамите не знаат или забораваат како со него!

Навистина, понекогаш и здосадува да сте во друштво на тој дел од себе си кој постојано маѓепсано се надева и верува во чуда. Понекогаш е доста од верување во бајка сегде и секаде. Отворете ги очите и свестете се! За ваквиот несериозен ,,мачо” кој се јавува само кога тој сака, а вие сте сeкогаш достапна за него, треба само едно.

 

Претворете се во него. Нека се гледа во огледало и нека научи да се сноси со сопствената себичност која токму вие ќе му ја релфлектирате. Бидете иста како него. Понекогаш несериозна, симпатична, себична, драматична, егоист, недостапна и романтична. Изгледа дека ваквите типови не можат да одолеат само на игра во која главниот лик ќе бидете вие, а не тој. Ајде да видеме дали ќе можат да се снајдат во овој хаос. Загрејте го котелот, а потоа нурнете внатре во огнот. Можеби ќе се изгори,но внимавајте. Сепак е можно да се изгорите и вие. Затоа што сепак, тоа не сте вие. Тоа е неговиот одраз во огледало, а колку ќе бидете подготвени да ја издржите неговата улога, никој не знае.

GOLD
To Top