Новости

Женски муабети

Ве сака ли се уште или можеби љубовта исчезнала?

Знаеме што значи почитување, но знаеме и пто значи љубов. Вистина е дека бракот се темели најповеќе врз основа на меѓусебното разбирање и почитување, но сепак љубовта е онаа која ги носи тие работ. Што ако таа исчезне?

Често пати жените не знаат ии пак можеби не сакаат да ги видат првите знаци дека партнерот можеби „оладел“ од ваешто друштво и вашата врска. И покрај правилото „Однесувај се како жена, мисли како маж“, сепак ние од понежниот пол знаеме малку од повеќе да се разнежниме и понекогаш да си веруваме во невозможни работи. Ги нарекуваме бели лаги и продолжуваме несреќно, потсвесно знаејќи за што станува збор. Доколку сме решиле конечно да и погледнеме  во очи на вистината, еве неколку предупредувања дека вашиот партнер ја изгубил љубовта кон вас.

Тој почнува со критики за вашиот физички изглед

Вљубениот маж никогаш нема да ве навреди за вашата фигура. Ако ставите неколку килограми плус, за него би биле уште послатка, но за оној кој не го интересира ништо, би ве навредил и би ви посочил на ситните грешки, правејќи ги огромни.

Дискутирање за вашите недостатоци пред вашите пријатели

Наместо да ве пофали и да се гордее со вас, тој секогаш е прв за да ве искритикува. Никој не е совршен, но вистински партнери се фокусираат на предностите на партнерот, наместо да се фокусираат на недостатоците.

Иритација наместо љубов

Ако Тој постојано ја критикува секоја ваша постапка и дава негативни коментари за вашето однесување, тоа значи дека единственото чувство што го остави е иритација наместо љубов.

Љубомората остарува и ја нема, грижата кон вашите емоции се смалува и рамото за плачење одеднаш станува камен. Понекогаш колку и да негираме, нештата околу нас се случуваат. Можеби и не постои вина и никој не би ја зел, но едноставно можеби постои нешто што се вика „Отворање на нова врата“, но само ако успеете да заклучите дека старата е за затворање.

To Top