Новости

Женски муабети

Внимателно со овие три типови на пријателства кои можеби и не ви требаат во вашиот живот!

Пријателството е најсветото нешто кое сите од нас се трудиме да го оствариме, доживееме, а последователно да го негуваме и задржиме. Постојат вечни пријателства, но постојат и онакви кои навидум сјаат, а од друга страна знаат да излажат и да повредат.

Кои се трите типови на пријателки кои можеби и не го заслужуваат вашето внимание и едноставно и сурово кажано можеби е убаво да постојат само како епизоди во вашите животи, зашто колку и да се трудите тие ќе се изгубат, ќе завршат неславно или во краен случај ќе заминат како никогаш и да не постоеле.

„Трач – девојките“ и не се толку големи пријателки!

Од време на време сите ја изјаснуваат онаа желба за трач муабетче, опуштен и релаксиран разговор во кој во глобала се избегнуваат сопствените проблеми и се врти вниманието кон другите животи. Колку и да се негира оваа т.н. страст, сите си ја имаме или барем еднаш сме се фатиле себе си како оговараме. Но, се си има граници, а ,,трач – девојките” не ја знаат таа граница. За овие типови на луѓе обично не се знае ништо за нивниот живот и искуство, но животот на целиот град непотребно токму од нивната уста ви е на дланка. Тие имаат константна потреба за трачарење и кудење на се што е околу нив. Внимавајте со овие пријателства, зашто изгледа успат тие го анализираат и пренесуваат и вашиот живот и тоа баш на она место каде не треба!

 

Конкуренцијата е здрава, но не и егото!

Постојано се дружите до таа личност. Имате чувство дека е најуспешна и мудра, но нејзиниот успех почнува да се предимензионира и преистакнува притоа смалувајќи ве вас и вашите успеси. Таа секогаш е над вас, за се знае повеќе, може повеќе и нејзиното ,,јас” се слуша многу повеќе пати во денот отколку вашето име. Овие девојќи омаат константна потреба за конкуренција, противник и борба. Дебатата ја разбираат како воено поле, а не како нормална и цивилизирана дискусија за која двата соговорници искажуваат сопствен став и мислење. Не планираат да се откажаг од своето его и ако некогаш во најмала расправија го објасните своето мислење, тие се лутат се додека не им се попушти и потврди она ,,нивното”. Пријателствата со вакви особи се тешки и можат доста да уморат. А верувајте, сето тоа може да биде поедноставно и забавно со извесна толеранција и се разбира доколку би го изоставиле нивното беспричинско ,,чукање по гради”!

Енергетски вампиризам!

Пистојат и такви девојки кои постојано се жалат, секогаш им е лошо, секогаш имаат проблеми кои за вас се невидливи, а штом ве прашаат за мислење, вашиот совет никогаш не е прифатен, туку напротив, тој е осуден. Не дај Боже да им речете дека грешат и дека впрочем не постојат проблеми. Тие се лутат и се револтираат остварувајќи расправија за која вие ни на крај памет не сте биле свесни дека ќе следи. Ваквите пријателки нели, ја гледаат чашата полупразна и секогаш имаат негативен поглед за светот. Ја цицаат вашата енергија како мали навидум слатки незабележливи вампирчиња за на крај вие да ја имате улогата само на психијатар. А штом вие имате извесен проблем, тие воопшто нема ни да ве регистрираат!

GOLD
To Top