Новости

Женски муабети

Дали е бракoт компромис?

Од неодамна некоја ,,мудра” девојка слушнала дека компромисот не е наоѓање на заедничко решение, туку потклекнување на мислењето на другиот. За една современа ,,домаќинка” во денешното рапидно живеење, тоа би значело потполно потклекнување на нејзиниот сопруг под нејзино влијание, односно засекогаш согласување со нејзиното ,,Да јас сум во право”!

 

…И малку на страна шегата и сарказмот, но колку се случува ова во современи услови? Дали бракот е наоѓање заедничко решение или е само согласување со туѓото мислење?

,,Само да нема расправии!” Но, дали секогаш треба да се потклекнува или дали секогаш само еден е во право? При остварувањето на компромис, самокритиката е основата на проблемот, која во глобала вообичаено отсуствува. Но, ајде да не бегаме од темата и вистинската цел ма компромисот. Вистината е дека секој треба да има свое мислење, но да го почитува и туѓото. Сепак, во брак на пати погледнете го прстенот на раката и од време на време потсетувајте се дека не сте сама, ами дека заедно со него сте едно. Штом е така, понекогаш убаво е да размислувате исто, но доколку не можете и покрај се да излезете од вашите уверувања, секогаш стремете се кон наоѓање на ново „инвентивно“ решение. Обојте го вашиот свет. Нека не биде само црн и бел. Нека токму вашиот универзум секогаш има ас во ракавот и „компромисно“ решение како трета алтернатива за успешен живот.

П.С.Но, ако си зборуваме како жени со жени, убаво е да си признаеме и понекогаш да си премолчиме. Понекогаш си знаеме да претеруваме! Нели?

Студирајте на БАС
To Top