Новости

Женски муабети

Жена и мајка или само мајка?!

Што не смее да заборави една жена откако ќе стане мајка?  Станувањето на родител навистина го завртува животот за добри сто и осумдесет степени. Но, што е она кое од кое секоја жена не смее да се откаже:

Време за себе!

Секогаш имајте барем еден ден во неделата кој ќе си го по светите само на себе. Оставете ги бабите и дедовцоте да се навикнат на таа помош која задолжително мора да ви ја обезбедат. Одете во спа центар тој ден или сами направете си „спа“. Уживајте во топла бања, купка од сапуница,миризливи свеќи, изгледакте некока ибава комедија и насмеани и пречекајте го другиот рутински ден. Вие сте најважни во семесјството. Мора да црпите енергија и штедите. Во тој ден, никако немојте да чистите о преуредувате!

 Организација

Навистина се сменува. Вашиот свет, вашиот живот, погледот на другите кон вас и вие кон другите. Но, најмногу се менува брзината и хаосот во кој повеќето се наоѓаат. Не очајувајте и никако не тонете во таа бездна на хаосот. Организирте се смирено и сталожено и светот ќе биде ваш!

Излегувајте со вашите пријатели!

Не, не и не! Не е тука крајот и со помош на организација ќе имате барем еден пола час-час да го слушните најновиот трач од пријателката или да и помогнете за лошата разделба со нејзиниот дечко. Секогаш бидете тука и во контакт со пријателите!

 Дотерувајте се!

Не се запоставувајте! Запомнете дека сте биле убава пред да бидете мајка , а со малки шминка и облека убаво е да се потсетиме дека се добива истиот ефект! Уживајте и бидете смирема!

Никогаш не жалете за вашите одлуки! Деца се, ќе плачат, ќе бидат и темпераментни и немирни. Тоа е дел од играта и пресвртот на животот. Зарем не е убаво? Играјте го во ваш стил, организирано, мудро, насмеано и убаво!

Студирајте на БАС
To Top