Новости

Женски муабети

Живееме само по наши правила или знаеме да попуштиме?

Дали се вљубуваме во соништата и идеалот за она што си го замислуваме, што можеби не е баш така во релноста!

На почетокот од вашата врска можеби и работите се секогаш најсјајни и совршени. Но, подоцна откривате недостатоци кај партнерот. Дали се тоа негови недостатоци или можеби проблемот е токму во вас. Кој е виновникот за светот кој некогаш ни се чини дека ни се распаѓа над главата? Околината или можеби највиновно е нашето т.н. театрално око.

Најважна е нашата перцепција и погледот кон нештата, ситуациите, партнерот. Едно е јасно. Светот никогаш не запира поради нашата болка, а ниту пак се однесува секогаш како што ние си сакаме. Луѓето не живеат по нашите правила, па можеби е време понекогаш да попуштиме и да се навикнеме дека постојат различни карактери, луѓе и нивни правила или наједноставно, секој си живее според своите сваќања. Што треба да направите за да бидете среќни иако не е се како што вие сте замислувале да биде.

Прифатете го светот онаков каков што е. 

Тој не е бајка и верувајте не сте единствената која би се нашла во конкретна незгодна ситуација. Често знаеме да речеме: „Ова само мене може да ми се случи!“. Напротив. Може да му се случи секому. Искуствата го прават животот кој замислете не го контролирате вие.

Колку и да мислите дека се може, овој брод не го управувате само вие.

Ова важи особено за во вашата врска. Споделете ги мислењата, ставовите и понекогаш ако не се усвоени, прифатете ги другите, колку и да не се согласувате со нив. Врската е тимска работа и процес за кој треба да се има не само трпение, туку и почитување на неговите одлуки. Понекогаш дозволете му на партнерот да го управува вашиот брод. Запомнете дека сте заедно на него, затоа што во спротивно лесно би потонал.

Морате да  разбрете дека постојат и други карактери кои се апсолутно различни од вашиот.

Што побрзо го разберете ова, толку подобро би се вклопиле во реалноста. Не ги преиделаизирајте нештата и немојте да живеете само во вашата приказна. Градете ја вашата иднина заедно.

Сепак ова не значи покорување и комплетно отстранување на она нешто што вие ќе го кажете или апстрахирање на вашето мислење, но можеби е време малку да го успорите егоистичкото темпо и да научите да се завртите околу другите светови. Затоа што повеќето светови, го прават едниот единствен заеднички ваш и наш универзум.

СН Финансии
To Top