Новости

Женски муабети

За денот на љубовта бидете убава, вљубена, гламурозна и се разбира одморена

…И можеби малку поинаку од другите, секој ден е ден на вљубените, а на св. Валентин се прославуваат сите останати денови на љубовта. Се слави, затоа што сме успеале да љубиме. Штом би се разбрала оваа теорија вака, можеби ќе знаеме секој ден да си подаруваме, несебично да споделуваме љубов со партнерот и да уживаме во најубавите емоции што ги нуди љубовта.

А на 14ти Фебруари, убаво би било како за промена малку да се сакаме себе си. Убаво правило зар не?

Еве неколку совети како би изгледале совршено за вас и вашиот партнер. Дента овозможете си го тој третман врз себе си, а вечерта подарете му се нему. Убава, вљубена, гламурозна и се разбира одморена.

1.Најпрво, што би направиле за денот на вљубените е да станете наутро, да се погледнете во огледало и да се сетите на сите ваши вљубени моменти од вашиот живот. Потсетете се колку тоа вие љубите, колку сте сакале, колку е широко вашето срце и колку му сте благдарни за тоа. Нека вашето олицетворение ве погледне со широка насмевка, а потоа облечете се удобно и модерно и истрчајте на кафе со вашите пријателки.

2. Дозволете си третман. Одете во спа центар и разгалете се себе си со масажа, сауна и слично. Уживајте во релаксирачка музика, а доколку не сте во можност да си го дозволите тоа, дозволете си убава и топла бања и релаксирајте се во голема купка и миризливи свеќи.

3.Одберете што ќе носите за вечерта која сте ја испланирале со вашиот партнер. Денес бидете најубава, но најповеќе од внатре. Зрачете со позитивност, пратете љубов низ етерот, насмевка и среќа.

4.И запомнете, најважни сте вие. Тој е вљубен во вас, само затоа што вие се сакате токму онаква каква што сте!

GOLD
GoldSlot
To Top