Новости

Женски муабети

Збогувајте се со минатото и конечно почнете да ја живеете вашата сегашност

Овој текст нема намера да ве растажи, но верувајте има намера да ве соочи. Колку пати сте ги споредувале вашите сегашни случувања со вашето минато? Претенциозно и намерно или случајно? Хмм… дискутабилно. Зар не?

Сакале или не, можеби во генетски, сме ориентирани кон сето тоа одново преживување на болката. Што би значело тоа? Понекогаш не знаеме да ги затвориме вратите. Или не знаеме или можеби не умееме.

Научете се да ги затворате старите врати кои не ви одговараат и со гордост, надеж и и исправена глава чекајте ги новите случувања во животот. Притоа, не очајувајте од она што ќе ви го донеси новото утро и во никој случај не го споредувајте со она претходното. Секој ден си носи своја сопствена цел, свое сопствено идејно решение, своја сопствена приказна. Уживајте во истата без да се прашувате што би било ако би било како некогаш.

Соочете се! Вие не сте во тоа ваше носталгично „некогаш“. Напротив. Вие сте заминале од таму затоа што „по дифолт“ и непишано правило, постој нешто што се нарекува време, а тоа време тече, неоспорно се случува. Или вие не сте заминале од тоа ваше „некогаш“ затоа што сте го сакале, ами затоа што не сте сакале повеќе да бидете во него.

Убаво е да сме со добра мисла и позитивни, на начин што би ги помнеле само убавите работи од животот, но во моментите на носталгичност и незадоволство од сегашната ситуација (во било која и да се наоѓате), не драматизирајте со блага насмевка влечејќи ги спомените на кај вас. Доста е! Вашето минато завршило, а вие одте напред! Никогаш назад.

Чувајте ги најубавите спомени во некое ќоше од срцето, дајте им чест на убавите моменти кои сте ги поминале на пример со бившиот партнер, но не претерувајте со тоа што несвесно би ги оживеале истите. Понекогаш е време да заборавиме. А зошто тоа некогаш да не биде денес?!

GOLD
GoldSlot
To Top