Како до совршена дама во Новата Година? - Шеталиште

Новости

Женски муабети

Како до совршена дама во Новата Година?

Бидете вистинска дама во Новата Година. Заборавете на она што често го велите и повторувате: „ми недостасува време“. Заборавете на постојаните жалби и поплаки поради она што сте и поради тоа каде што сте. Верувајте, универзумот сето тоа го апсорбира и животот работи токму онака како што вие му испраќате пораки нему.

Заборавете на она што често со тешкотија го искажувате: „Имам премногу обврски, никогаш нема да престигнам за се!“ Никогаш повеќе немојте да ја споменувате оваа мисла, нити на глас, а нити пак во себе. Затоа што така само истакнувате конфузност пред себе си и заборавате да се организирате, а организацијата се случува само доколку сте концентрирани кон истата.

Бидете поодговорна кон себе си. А што значи тоа? Научете да наоѓате повеќе време каде себе си би се нашле во уживање. Почитувате го вашето тело, хранете се здраво, затоа што преку храната се добива љубовта. Секогаш имајте време за некој спорт, одете на ајробик, фитнес, јога. Дозволете си социјален живот, не ги заборавајте пријателите, забавите и долгите кафе „женски муабети“.

Women Friends Enjoyment Coffee Times Concept

Бидете секогаш убава, неодолива, макар и да одите до најблиската продавница. Една вистинска дама никогаш нема да си дозволи да изгледа несредено.

Испланирајте го времето и негувајте ја љубовта. Обрнувајте му внимание на вашиот партнер. Почнете да учите како да простувате и неговите маани нека ви станат доблести. На крај на краиштата вие сте го одбрале него, а тоа значи дека тој и на еден начин е рефлексија на голем дел од вас и вашите посакувања.

И повторно и повторно, престанете да се жалите, муртите и престанете да не си простувате. Разберете дека вие сте епицентарот на сите моќни случувања. Основниот двигател на вашите чекори. Научете да чекорите со крената глава, самодоверба и моќ наспроти немоќ.

Избегнувајте политички теми,црни хроники, вести за светот и светската криза. Полека, но сигурно тие теми не уништуваат, а вие констатно си го поставувате реторичкото и парадоксално прашање: „Што ако не се родев тука, ако не бев јас и ако живеев на другиот крај на светот?!“ Престанете да му бидете роб на апсурдот тие тешки конфликти во вас кои можат да донесат само невоља и неоспорно непосакувано каење.

За крај, бидете насмеани. Затоа што нема ништо попривлечно од дама со широка и искрена насмевка. А зошто да ја барате неа во секој случаен минувач, кога можете да бидете баш вие.

To Top