Новости

Женски муабети

Кои лоши навики треба да ги избегнувате за да постигнете успешна врска?

Не секој oд нас изградил добар карактер. Секој човек има уникатна личност и има свој единствен пристап кон справувањето со тешкотиите.

Доколку партнерите добро се познаваат, би требало да се однесуваат еден кон друг со почит и да го отворат патот кон она што се нарекува компромис, наместо да создадат неподносливи услови поради нивното непријатно однесување. Но, сте се запрашале ли во кои услови, никако не би можеле да најдете компромис со вашиот партнер и наместо тоа едноставно премолчувате и се повлекувате.

Навика за донесување на одлуки за двајцата

Можеби е убаво да дадете совет понекогаш, но наметнатото мислење можеби преминува во доминантност и наредба, што изгледа дека е многу далеку од компромисот.

Желба да се има контрола врз се

Некои луѓе се планери. Тие се чувствуваат мирно и сигурно единстено кога сè оди според нивниот план. Меѓутоа, ако некое лице покажува контрола и нареднички однос врз вашите планови, тогаш сигурно би имале добар повод за да разговарате со вашиот партнер и конечно да најдете заедничко решение.

Зависност 

Не вреди да се градат односи каде што еден од партнерите е зависен од другиот. Финансиската зависност во односите е доста честа појава, но може да доведе до многу проблеми. Што и да правите, гледајте да не зависите еден од друг.

Навика на постојано критикување

Постојаната и константна критика никогаш не резултира со добра цел и успешна врска. Ако вашиот партнер постојано го прави ова, време е да разговарате и да се пожалите дека наместо критика понекогаш е убаво човек да слушне и пофалба.

Добро размислете за овие особини, размислете за други и откријте дали постојат во вашата врска, кај вас или кај вашиот партнер, а потоа променете ги лошите навики и сменете го правецот во кој се движите.

 

Студирајте на БАС
To Top