Новости

Женски муабети

Кои се врските кои најдолго траат?

Страсните врски

Можеби најважно е одржувањето на страста помеѓу партнерите. Оние врски кои и покраj нормалните и вообичаените препреки, ја одржуваат страста во нивниот однос, се верува дека можат најдолго да просперираат.

Романтчни или „Drama lovers“!

Да се биде романтичен не е нешто што не можеме да го разбереме. Романтиката може секогаш да се случува, но само доколку таа не е строго испланирана. Секој ја доживува различно, но ако ја чувствувате и по многу време, вашата врска ќе продолжи да станува совршена, а не пополека да згаснува.

Грижливи и несебично посветени еден кон друг

Грижливоста и несебичноста кон партнерот се инфилтрираат како едни од најголемите вредности во врската, а егото, суетата и инаетот се токму оние нешта кои му противречат на овие две особини. Што повеќе несебично подарувате, споделувате и се грижите околу партнерот, толку ќе биде подобар вашиот однос. Во ваквиот случај љубовта е неминовна. И од оној кој подарува, дарува и се грижи и од оној кој ја чувствува токму таа посветеност. Оставете го инаетот на страна и посветете се. Ништо лошо нема да му се случи на светот, ако малку попуштите кон другата страна.

Никогаш доста од забави

Истражувањата докажале дека оние парови кои поминуват повеќе време забавувајќи се, на начин што излегуваат од досадното секојдневие и монотонијата, се истакнуваат со долги врски. За ова треба да се согласувате со партнерот и да бидете на иста „бранова должина“. Во спротивен случај, „сериозниот“ тип не е за вас.

Сепак, според некои истражувања докажано е дека најдолго траат оние врски каде партнерите се комплетено осветени едни кон други. Исто така најповеќе функционираат оние парови кои не можат да се заситат од забава. За разлика од нив оние страсните парови и „Drama lovers“ „љубовџиите“ горат брзо, но уште побрзо и се изгаснуваат, па не траат вечно.

Како и да е, секој си има свој начин на прикажување и одржување на љубовта. И покрај многубројните правила и совети за тоа како треба совршено да се однесуваме, понекогаш влегувањето во „урбаната машина“, несвесно може да не натера да изразиме некои негативни емоции кои доколку ги храниме, би го изгубиле балансот. Ние си ги поставуваме границите и ние сме тие кои одлучуваме за нашето однесување, со другите, а и со партнерот. Но, како вие милувате драги мои!

СН Финансии
To Top