Новости

Женски муабети

Кои се најтешките години во бракот?

Постојат различни убедувања за функционирањето на бракот. Дали и колку ќе трае љубовта? Често како жени, знаеме да си речеме дека најважно е почитувањето во една врска затоа што некако потсвесно убедено веруваме дека љубовта исчезнува. А за сето тоа да фунционира беспрекорно, по некоја логика, треба да остане нешто или тоа нешто наречено брак, да се темели и гради над црвста подлога.

Страв или неверување? Во што треба да веруваме или од што треба да се плашиме?Замислете, не треба да се плашиме, а нити пак бескрајно многу да веруваме. Едноставно секој од партнерите треба да се труди во таа условно речена „немоќ“ за спасување на брачната заедница.

Романсата треба да се негува колку и да поминале години наназад и колку и тоа мачно, а понекогаш и смешно да звучи. Колку трае љубовта и дали потоа се преминува во монотонија?

После третата година од бракот, љубовта се зацврстува! 

Експертите, баш напротив од другите убедувања, тврдат дека бракот после третата година уште повеќе се зацврстува. Со запознавањето на доблестите и мааните на партнерот, љубовта се зацврстува.

                         

                                                   (Очекувањата за бракот после три години и реалноста)

Mислењето дека љубовта живее само три години е погрешно. Верувањето дека после ова врската се распаѓа и станува помалку идеална од порано, веројатно не е точно. Во реалноста, по три години во врска, луѓето се повеќе се склони да ги прифатат слабостите на партнерот и на тој начин, се чувствуваат поудобно.

Исто така е честа појавата каде што во третата година од семејниот живот често паровите одлучуваат да има бебе. Како резултат на тоа, нивната врска станува посилна. Тоа е третата година од бракот за која всушност треба да се верува дека е најсреќна.

Петтата година од бракот е убедливо најтешко издржлива!

Првите вистински проблеми можат да започнат дури во петтата година од семејниот живот. Во овој временски период, децата се уште се мали и бараат многу грижа. Ова е многу тешко да се постигне и постојаната работа, домаќинството и другите секојдневни обврски можат да прераснат во вистински проблеми.

По пет години, некои двојки за жал почнуваат да размислуваат за развод и да се обраќаат до адвокатите. Оваа година се верува дека е најтешко издржлива.

Седмата година – хмм… комплициран период!

Доколку брачните партнери останат заедно по пет години брак, би требало да се звесни за претстојувањето на уште една бариера која чека да ги совлада. Тоа е седмата година од семејниот живот кој експертите го нарекуваат појавување на барикада или т.н.”ѕид”. Во тоа време, семејниот живот станува рутински. Исто така, може да има финансиски проблеми, проблеми со грижата за децата и расправии за споделување на одговорностите околу домаќинството.

Ова е многу комплициран период. Ако партнерите успеат да поминат низ таа река од неиздржливост и неприлики, тогаш пред нив би бил неодолив и среќен брак.

Како и да е, стравот е основниот непријател на љубовта. Едноставо, уживајте во секој момент, штом сте го рекле она судбоносно „да“, но сепак имајте ги на ум и негативните последици за да не би се изненадиле од нив. И најважно од се, секогаш одржувајте ја и негувајте ја романтиката и нежноста.

Студирајте на БАС
To Top