Новости

Женски муабети

Неколку лаги кои жените си ги кажуваат постојано иако ја знаат вистината

Подобро ли е понекогаш да се лажеме? Постојат ли етички лаги кои понекогаш мора да се употребат за да се утешиме.

Докажано е дека жените го практикуваат најповеќе ова. Тие не се ни свесни колку лаги кажуваат во денот. Свесни се за тоа, но некако изгледа дека им годи.

– „Новата девојка на твојот бивши е ужасно грда!“ Колку и да станува збор за убавица, интелегентна и паметна девојка, една вистинска пријателка никогаш нема да ја каже вистината. Значи основно правило: „Девојката на бившиот е секогаш ужасна, дебела и несредена!“

 

– „Се ќе биде во ред. Тој еден ден ќе разбери што пропуштил, но ќе биде доцна.“ Понекогаш е повеќе од јасно дека Тој никогаш нема да и се смири на вашата пријателка, но ваше е да ја утешите и да и го кажете најголемото клише.

– „Фустанот ти стои прекрасно.“ Понекогаш етички е да излжете, затоа што знаете дека таа вечер вашата пријателка мора да изгледа совршено, па вашиот комплимент секако дека ќе и биде од голема помош.

– „Ослабена си. Браво! Како успеа за толку кратко време!“ – воопшто не е, но жалосно е нејзиниот труд да не биде пофален.

– Последната е можеби најголемата лага или „читај меѓу редови“. Секогаш се однесува кон партнерот, затоа што се разбира со пријателките се брбори, а со него се молчи и на она „Што ти е?“, вие секогаш одговарате: „Ништо не ми е.“ Иако од внатре го припремате вулканот, за да ја обелодините оваа лага.

To Top