Новости

Женски муабети

Како да уживаме на врвот, каков и да е!

Постојано се стремите кон нешто. Барате, посакувате, сакате, сонувате. И секогаш доаѓате до исполнување и реализирање на вашите планови, но од таму, од врвот, секогаш си велите:,, И сега што?” Без разлика дали се работи за ситни или големи планови. Без разлика дали се работи за планови поврзани со вашето работно место, семејството или љубовниот живот, вие сте секогаш задоволни или секогаш уште само нешто ви фали.

Како да препознаеме дека претеруваме со нашите побарувачки во животот и ако веќе сме го препознале тоа, како да го спречиме?

  1. Престанете да се обвинувате себе си!

Обвинувањето кон себе си може да донесе само неуспех. И соништата имаат лимит.

  1. Бидете задоволни од она што сте го направиле.

Благословувајте си го трудот. Штом на едно цвеќе му обрнувате премногу внимание, го растите со молитви и постојано го поливате со вода и љубов, тоа за вас ќе направи рајска градина. Велете му браво и на вашите најмали успеси кон целта, но не се обвинувајте дека нешто не сте направиле или сте заборавиле. Сепак тоа сте вие, но затоа…

  1. Направете се што е во ваша моќ!

Искористете ги сите ваши ресурси. Борете се до врвот, за откако ќе сте горе да го почувствувате вистинското задоволство.

  1. Имајте самодоверба!

Верувајте не е секогаш до целта. Најважен е патот до неа. А тој, може да биде трнлив, не велиме не. Но, затоа потоа од таму горе, се е послатко.

  1. Бидете вие!

Никогаш не си дозволувајте да емитирате друг! И најдобрата копија не е подобра од оригиналот! Не завидувајте и не љубоморете. Мотивациските говори на некои успешни луѓе прифатете ги баш како такви и испирирајте се од нив, но немојте да им љубоморите и да паѓате во разочарувањето наречено:,, зошто мојот живот не е како нивниот!”

  1. Животот е игра и сон.

Што ако еден ден се разбудите?! Животот е игра. Трката е оправдана, но со одредена доза на оттуѓување од оние пријатните и мотивирачки емоции. Доколку нештото ви е напорно и мачно, можеби е време за други соништа. Никогаш не е лесно да се промени перспективата, а и освен тоа овој пат ќе знаете многу подобро да изиграте!

 
GOLD
SN Finansii
To Top