Новости

Женски муабети

Пет работи кои секој сопруг сака да ги слушне!

Постојат лоши и добри страни во брачниот живот. Мигови на среќа, но и мигови на беспричински проблеми кои понекогаш свесно или несвесно сами ги креираме. За промена, убаво би било да не ја разгледуваме само нашата женска суета и тврдоглавост и наместо тоа, да признаеме дека комплиментот и признанието не го сакаат само жените.

Верувам во тебе!

Ова уверување кое секој сака да го слушни и може да го претвори секој навидум „пораз“ во победа. Кога вашиот сопруг се соочува со многу проблеми во животот, ова е тајното оружје кое ќе му помогне да се чувствува убаво и да ја врати својата самодоверба, а истовремено е оружје со кое константно ќе ја надоградувате вашата врска.

 

Го ценам твоето мислење!

Секој маж се бори и сака да биде сигурен дека тој навистина го обезбедува и го води своето семејство во вистинска насока на начин што го обелодинува, охрабрува и заштитува. Оваа потврда треба да се кажува и наградува. И во никој случај не е лошо од време на време, да му се оддаде почит и признание за неговите постапки. Мотивацијата е клучниот фактор, а демотивацијата и постојаното жалење само можи да води до неуспех.

Ти се восхитувам!

Секогаш обидувајте се да ги гледате работите што се труди да ги направи правилно, колку и тие да не се совршени за вас! Не дозволувајте, фокусот да биде само на неговите неуспеси и падови. Пофалете го укажувајќи за неговите позитивни страни, восхитувајќи се на неговиот труд.

Се чувствувам безбедно со тебе!

Покажете му на сопругот дека неговото присуство ви е потребно и неговата заштита е важна. Понекогаш, жените ја имаат онаа чудна потреба да се постават над нивните сопрузи и да се докажат пред нив дека знаат. Но, добро би било да му се дадат т.н.машки работи на вашата друга половина, што значи убаво би било некој да ни каже “Драга, тоа е доволно”. Оставете го да се чувствува како вистински маж, чувар и ваш заштитник за што вие би се чувтсвувале безбедно и сигурно.

Во право си, јас погрешив!

За крај, понекогаш е убаво да признаете дека сте погрешиле. Извинувањето и смирениот дух од ваша страна, е здраво за зајакнување на вашиот брак. Непотребното его само можи да изостави еден идиличен свет, кој верувајте дека можете да го имате, доколку знаете да признаете! Па, обидете се и докажете дека Тој е поважен од вашата гордост!

 

СН Финансии
To Top