Новости

Женски муабети

Свесни сме дека сме среќни или понекогаш на се забораваме?!

И што ако не сме толку популарни и славни како холивудски ѕвезди или богати како кралеви и царици? Што ни е одземено нас, а што им е одземено и нив? На оние кои навидум се чини дека имаат и поседуваат се?!

 

Животот е премногу краток за правење на споредби со други. Исто така е прекраток и за задржување на лутина кон времето и местото каде сме се родиле, стационирале, позиционирале, растеле. Но, во природата на човекот е проблемот,а неговото зачнување, всушност понекогаш лежи во разочарувањето. А разочарувањето е самата перцепција на нашиот ум кон светот токму онаков каков што ние сме си го замислиле. Со други зборови. Тоа е тоа. Понекогаш мораме да се соочиме со нештата и да најдеме убавина и радост во нив токму онакви какви што се.

Разочарувањето е често кај човекот, но најповеќе може да биде произведено кај жените. Зошто да е едноставно, кога може да е сложено. На пример на почетокот на врската, партнерот го сакате токму онаков каков што е. Важни ви се само состаноците, вечерите, што ќе облечете, заедничките пријатели, шегите, насмевките и се разбира тогаш едно ,,те сакам” позитивно полудува таму некаде на седмото небо.

Но, ,,Динг донг” понекогаш ќе рече еден непоканет гостин во вашата глава и ,,динг донг” ќе заѕвони на вашето ѕвонче беспричинското разочарување или „филмот“ во вашата глава. Почнува да ви смета однесувањето на партнерот, состаноците, вечерите, насмевките и ,,те сакам” преминува во глупава патетика наречена:,,Ако ме сакаше немаше … да правиш така!” Или ,,Ако ме сакаше ќе ми купеше цвеќе, ќе одвојуваше повеќе време за нас…” И ќе правеше плус и плус и плус!

Драги мои дамички, пред офанзивно да нападни „филмот“ и непоканетиот гостин во главата, пред рапидно да се разочарате од животот, сетете се колку сте среќна. Сетете се на насмевките, на состаноците, на убавината во вашата врска! Не дозволувајте да постои вага за да би ги мереле барањата. Извинувајте се и прифатете извинување! Подарете комплимент и примете!

Отворете ги очите и сетете се дека сте истата срекница од самиот почеток! Ништо не се променило! Само така ќе се бидите како принцеза и ќе живеете како кралица. На никој ништо не му е одземено ни дадено нешто повеќе. Поентата е во прифаќањето на нас самите.

…,,Динг донг!” Но, се разбира овој пат, не отварајте им врата на разочарувањата кои можат да измислат невидливи проблеми! Зашто нивното третирање овој пат може да ве чини многу! Повеќе од буџетот на некоја холивудска ѕвезда на која цел живот сте и завидувате! А тоа сигурно не би го сакале!

Karmen
To Top