Новости

Женски муабети

Сеплашиме ли од староста или од обврските што доаѓаат со неа?

 

Стареењето е природен процес кој колку и да посакуваме не можеме да го сопреме.

Но, и покрај се, никој од нас не сака да старее. Постојат, а можеби преовладуваат и такви случаи кои дури и се плашат од губење на преубавата младост, мислејќи дека со т.н .чување на детето во себе, ќе спречат нешто. Но, се чини дека понекогаш и претеруваат.

Ако се пронаѓате во нив, тогаш вие имате над триесет години и одбивате да продолжите понатаму во токму тој природен процес. Што значи тоа? Забавите и доцните журки со часови сеуште ви се привлечни места, одбивате да стапите во врска или брак, никако не признавате дека сте уморни и дека вашите високи потпетици ужасно многу ги притискаат вашите глуждови, па едвај чекате да одите дома, удобно да се сместите во вашиот кревет и да ги исфрлите „чевличките“ на остарената Пепелашка и нејзиниот тежок веќе претесен фустан. Изгледа дека брчките преовладуваат и пудрата некако се побрзо ја трошите, но ништо не ги покрива големите подочници.

Онаа слика во огледало некако сеуште не ви сооддејствува на она што од внатре го чувствувате или можеби се плашите да признате дека едноставно влегувате во поинаква и друга фаза од вашиот живот каде треба да бидете поодговорни и која со себе си носи малку од повеќе обврски?!

 

Мораме да си признаеме дека и покрај се, живееме во малку поконзервативно општество и можеби стравот од старост е паврзан токму со тој факт. Фактот каде едни двајца кои стапуваат во брак, повеќе не можеме да ги видиме како се прегрнуваат и бакнуваат на улица. Фактот каде откако ќе се роди нивното дете, тие целата љубов на светот му ја подаруваат него, но притоа се забораваат еден со друг и често се случуваат пропаднати бракови и бракови кои остануваат и траат само „поради нивното дете“, што можеби е апсолутно погрешно.

Живееме во една таква класично бедна, строга и релативно затворена и резервирана реалност, каде до некаде и животот престанува после триесеттата. Срамно и неодоговорно е да влезеш во локал, да станеш и да заиграш на некоја прекрасна мелодија, да седнеш сам во кафуле и уживаш во пријатното друштво со себе си. До некаде е срамно да продолжиш да „живееш“, но без паника, само така изгледа! Можеби токму тука настанува една огромна забуна на човек кој барајќи го детето во себе си, несвесно започнува да тоне во безизелен страв од староста и нешто што се нарекува: „Јас не сакам така!“

Никогаш на никој не би му препорачале да престане да го негува детето во себе си. Ниту пак да престане да биде млад човек и она што е. Затоа што од оној што е, никогаш нема да побегне. Колку и да се трудиме да ги бркаме годините, брчките, подочниците и белите влакна, мораме да се соочиме со староста која е природен процес.

За момент, да се обидеме да разбереме дека секоја доба од животот ни нуди своја убавина. Наше е само да ја знаеме црвената линија, да не претеруваме и да си го слушаме телото кое ќе не однесе во еден чудесен свет, ќе не натера да живееме еден прекрасен живот, ќе не почитува, само ако ние го почитуваме него. Затоа пролжете да имате детски соништа, визии, надеж и никогаш не престанувајте да се сакате себе си! Токму таму каде што сте и такви какви што сте!

To Top