Новости

Женски муабети

Сингл статусот и не е толку лоша варијанта!

Придобивките од статусот сингл, можат да бидат многу големи само ако ги забележете, а не оттргнете од себе си на познатиот клише начин чувствувајќи се осамена. Време е да излезите од тој патетичен круг и да прекинете да бидете „drama queen“ константно сожалувајќи се себе си.

Бидете отворена кон животот и ценете го слободонто време.

Врската бара посветеност, внимание и малку лишување на приватноста и слободата. Искористете го овој момент каде ќе имате од повеќе време. Излегувајте со пријателите, забавувајте се, имајте време за вашето омилено хоби. Цело време на светот е ваше!

Запознајте се себе си и вашите најскриени тајни.

Едно е да го знаете партнерот понатаму, но друго е да се знате себе си. Ако постојано влегувате од врска во врска, ќе ја избегнете шансата да се запознаете себе си, а штом не го знаете тоа, нема да знаете што точно барате од животот.

Дајте му време на времето и поштедете се од очајни прашања: Каде е тој,зошто не се појавува!

Дозволете му на Бог да си го реши тоа прашање. Ваше е само да уживате во моментот. Времето на овој свет и онака е кратко, па немојте да си дозволите еден ден ќе имате 60 години да се разочарате од вас. Не дозволувајте да изгледа дека живеевте за џабе.

Соочете се дека сте сингл и прекрасна!

Вие не сте сама. Вие се имате себе си на овој свет, а тоа е повеќе од доволно. Колку побрзо го разберете ова, толку подобро. Имајте верба во животот, но и верувајте си себе си дека како и да е, ќе си го направите одличен овој престој на светов, без или со партнер!

СН Финансии
To Top