Со кои личности не би можеле да оформите врска?! - Шеталиште

Новости

Женски муабети

Со кои личности не би можеле да оформите врска?!

Можеби 2018та е пресудна за понатамошниот тек на вашиот живот. Можеби сакале или не ќе запознаете некоја личност или појасно кажано, можеби токму откако сказалките го означиле доаѓањето на новата година, вие свативте дека сакате да смените нешто и да се простите со вашиот сингл живот.

Едноставно тоа се случува. А штом би ви се случило вас, несомнено ќе ја започнете потрагата по идеалниот партнер. Наше е да ве преудпредиме со кои типови на личности не би можеле да бидете и да оформите долготрајна врска, а и понатамошен брак.

Крититичари

Овие типови на луѓе постојано критикиваат. Навиум изгледа дека се грижат за вас, но очигледно дека вие не им се допаѓате од самиот старт. Го мразат вашиот надворешен изглед, вашиот стил на облекување, вашето однесување, манирите и имаат постојани критики за вашиот бонтон. Избегнувајте ги ваквите личности. Не би сакале секое гледање со нив да се чувствувате како да сте на испитен час, нели?

Беспотребно љубоморни

Животот со љубоморен човек може многу лесно да се претвори во шпанска сапуница. Кога вашиот партнер е љубоморен на вашите пријатели, колеги, семејство или поранешни партнери, тоа е веројатно неугодна ситуација. Никој не сака да стане луд поради постојана љубомора, нели?

Лажговци

Лажговците почнауваат да мамат од првиот момент, и речиси никогаш не престануваат. Тие не само што ги камуфлираат и лажат за настаните во својот живот, туку и целосно ги менуваат. Со ваквата личност постои само константен страв, скептичност и постојани прашалници за откривање на встината.

Кралеви и кралици на драмата!

Сè е трагедија за таквите луѓе. Тие се сигурни дека целиот свет е против нив: нивните колеги, нивните сакани и нивното семејство. Треба само да одлучите дали навистина сакате да се смирите, да се покорите и да го утешите таквото лице во текот на целиот живот. Можете ли?

 

Засекогаш деца

Овие големи деца, никогаш не преземаат никакви одлуки и тие имаат навика секогаш да се потпрат на рамената на нивниот партнер. Тие имаат потреба од “татко” или “мајка” кои ќе ги ја поддржат во секоја нивна акција. Размислете два пати пред да ја преземете улогата на родител во вашата врска.

Рабохоличари

Луѓето кои ја ценат нивната работа повеќе отколку што ве ценат вас, никогаш не се баш доверливи партнери. Најпрво, можеби ќе бидете горди на нивните успеси, но подоцна ќе разберете дека поминуваат премалку време со вас и вашата врска ја ставаат на последно место, што не е баш за пофалба.

Постојат уште многу други типови со кои не смеете да останете подолго. Такви се оние себичните, оние личности кои никогаш не би биле задоволни од вашето внимание и подароци макар и колку да се трудите.

Тука се и зависниците кои не би требало ни да ги помислите, затоа што порокот ним им е прв, но во секој случај ако веќе сте одлучиле да стапите во врска со некого, не барајте совршенство и не бидете прибирливи, затоа што може да заглавите во бесконечна потрага каде секогаш би се гледале сами во огледало. Спуштете ги вашите критериуми, но сепак не заборавајте да внимавате!

 

To Top