Новости

Женски муабети

Тој не ве сака вас, туку е вљубен во него!

Што е со оние типови кои страшно ве привлекуваат, ве заведуваат и освојуваат, а потоа ги нема?! Некои го прават тоа намерно и тактички, а некои едноставно се заборавиле пред огледало и го зафрлиле вашиот телефонски број. Веднаш откачете го:

  • Типот кој не е свесен дека светот е живеалиште и за другите, не само за него.

Тие се класични ,,Донжуанковци” кои не знаат да сакаат жена, тука само флерт. Тие всушност се вљубуваат во моментот на познанството, односно моментот како тие се претставиле пред вас! А потоа? Потоа си заминуваат!

  • Знаат дека сте се здебелиле две – три кила, но не знаат што боја очи имате!

Секогаш чекор пред вас со диети, фитнес инструкции, истоштувања, мерење на калории, па дури и креветот го сметаат еден вид на теретана. А после чинот, се фалат колку тоа тие постигнале, без да ве погалат, а да не зборуваме прегрнат.

  • Типот кој секогаш е во модна трка со вас и ви префрлува за вашите алишта!

Далеку е од комплименти за вашиот аутфит и наместо она воодушевувачко:,,Уаууу!”, тој ви вели:,,Не ти требаше овој фустан. Не само што те прави подебела, туку и не си одговараш со мене! Зар не го виде мојот костум?”

  • Ќе ве побара за жена, но од вас сака само куќна помошничка и родилка!

Размислете добро! Ваквиот нарцис нема време околу кујната и пеглањето алишта! Со прстенот, вие ќе бидете неговата куќна помошничка, а тој набрзо ќе ја изгустира вашата појава. Набрзо ќе мислите дека детето е решение за спасување на бракот, а тоа само ќе загорчи уште еден живот!

За крај запомнете, не заслужувате само минутни моменти на среќа. Заслужувате внимание, обострана секојдневна грижа и возвратена љубов! Изборот е ваш!

СН Финансии
To Top