Новости

Женски муабети

Треба ли понекогаш вие да го направите првиот чекор во врската?

Постојат врски кои долго и навистина среќно траат. Но, од нив, признаваат партнерите, ништо немаше да се случи, доколку жените не би реагирале први. Еве неколку случаеви каде вие треба да го направите првиот чекор.

Фин, културен и однослив. Но, никако да ви пријде. Се прашувате каде грешите? Што треба да направите за да му се доближите? Во секој случај одбивате да го направите првиот чекор. Но, дали сте помислиле дека можеби е срамежлив. Понекогаш е клучен вашиот чекор. Во спротивно, ситуацијата ,,статус кво” може да оди до недоглед. Има случаи каде срамежливите момчиња едвај можете да ги констатирате. Баш спротивно на тоа, тие за вас изгледаат моќно, недостижно и глава исправена во вис. Помислете и не губете време. Можеби е време вие да реагирате, ако не сакате да ја пропуштите оваа прилика!

Во врска? Можеби звучи сурово и неморално. Но, зборуваме за оние долги врски кои и покрај се не одлучиле да стапат во брак или веќе им се гледа крајот и се распаѓаат, а и вие знаете некои работи кои тивко ви даваат знаци дека дека треба да превземете акција. Ризикувајте и пуштете се во игра, но само ако сте сигурни дека меѓу нив е крај. Во спротивно ќе излезете како мртовец од тој опасен триаголник и во никј случај нема да бидете победник. Внимавајте при констстирањето.

Понекогаш вие кренете ја слушалката први. Ви рекол дека ќе ви се јави. Но, и покрај тоа тој не ве бара цел ден, а и денот после тоа. Можеби постојат некои непишани правила за тоа дека Тој треба да се јави прв. Но, по ѓаволите со тоа! Правилата постојат за да бидат рушени.

Можеби постојат и други мал милион ситуации каде жената треба да го превземи првиот чекор. Наброивме само неколку, а ваше е само да не се плашите од ништо, а најмалку од правењето на првиот чекор од вашата прекрасна долгогодишна врска понатаму, за која што кога ќе се вратите на назад, ќе сфатите дека ништо од ова не би било, ако не бевте вие и со гордост би му рекле:,,Еј знаеш што? Јас бев прва и да не бев, ништо од ова немаше да биде!”

GOLD
To Top