Новости

Женски муабети

Утре е доцна, а задутре можеби и предоцна!

Сте размислувале ли за работите кои ги пропуштате во животот? Сте разбрале и сватиле ли околу сето тоа дека годините минуваат со брзина на светлината и дека светот не запира заради вашето т.н. прмислување?!

Време е да го слушете внатрешниот глас во себе си, да се потсетите што точно се вашите соништа и да почнете да ги реализирате.

Утре е доцна, а задутре може да биде и предоцна.

Останувате во ,,тивка” врска каде се следат само неговите барања, а вашите се занемаруваат. Одложувате состаноци со пријатели кои ви значат и постојано сте во некое брзање за неважни работи. Не верувате дека може да се исполни она патување од соништата, па дури и да имате шанса за најмалку да придонесете околу тоа, вие одложувате затоа што сметате дека е рано и има времд за се. Заглавени сте во исти муабети, исти луѓе, сакате и знаете што да промените, но постојано си велите:,,Од утре!” Свесте те се и разбудете се!

Животот е премногу краток и нема репризни изданија.

Деновите се само епизоди, а ваше е како ќе ги исценирате и со кои актери ќе играте. Едноставно е. Верувајте во себе и земете ги работите под ваша контрола! Време е сега, не утре!

СН Финансии
To Top