Што сакаат од партнерот модерните алфа жени? - Шеталиште

Новости

Женски муабети

Што сакаат од партнерот модерните алфа жени?

Тој треба да биде во чекор со неа

Алфа жената постојано се движи побрзо и оди кон повисоки цели. Таа не може да остане мирно и да го чека до нејзиниот партнер. Тој треба да знае да се израмни со нејзиниот темперамент и динамичен начин на живот. Најважно е да се движите со иста брзина, затоа што во спротивно модерната – алфа жена, веднаш ќе го напушти теренот наречен врска.

 

Независност

Алфа жената бара човек кој е апсолутно независен, и финансиски и психолошки. Тој мора да има здраво его, своето мислење, хоби и пријатели. Она што го бара оваа моќна жена е еднаков партнер, со кого ќе чекори, не зад него, а ниту пак пред него.

Успех

Оваа жена посакува позитивна енергија и фалење на нејзините успеси. Таа знае да го пофали и бодри својот партнер, но секако дека за возрат го бара истото.

Слобода

Таа знае да ја почитува неговата слобода и затоа во никој случај не дозволува да не би ја почитувае вие нејзината. Алфа жените не можат да поднесат забрани, рестрикции и притисоци. Со овие за неа беспотребни нешта и т.н. „мачомени“ однесувања, можете само да ја изгубите од видикот и никогаш повторно да не ја пронајдете…Макар и да останете во врска.

Конструктивни критики

И покрај се, таа сака навремени критики и ги разбира. Но, сепак, не претерувајте – таа е алфа!

Предизвик

Таа сака постојана конкуренција и натпревар. Постојан предизвик и авантура. Инаку би и било досадно и таа би станала индеферентна кон вас и вашата врска. Сепак, таа е се, само обична не.

Таа бара некој кој ќе ја насмее и ќе ја прави среќна постојано

Оваа независна и силна жена знае да посака да биде насмеана и го обожава сарказмот, но штом таа го уотребува, знае кон кого. Што би значело нејзиниот партнер треба да биде доста силен и сигурен, па употребувајќи малку „несолени“ шеги таа знае со кој би имала работа и дека интелектуално ќе бидат сватени токму онака како што таа би сакала.

To Top