Новости

Женски муабети

3 лаги кои пријателките си ги кажуваат штом е во прашање новата девојка на бившиот!

1. Прво (и основно) – ,,Премногу е грда, ти си далеку поубава!”

Една вистинска пријателка знае што е етичка лага или поточно речено знае кога и каде да излаже за да се чувствувате убаво. Секако дека во моментите на емотивна раздразливост, вашата пријателка ќе ви го каже тоа иако знаете и вие таа…можеби и не е баш така!

2. ,,Нема да им трае долго!” 

… Секако дека никој не знае колку ќе трае новопечената врска на ,,партнерите”, кои од старт не ви доаѓа ни да ги наречете така. А штом е во прашање времето, вашата пријателка е секогаш тука за да ви олесни цел тој невозможно долг процес, магично и визуелно скратувајќи го. „Вистинската“ пријателка ќе ве уверува дека нивната врска е фејк и оние провокативни насмевки кои зрачат на нивните фотографии од нивниот прв заеднички одмор (кој патем, се случил доста брзо), се апсолутно т.н. ,,фолираење”!

3. ,,Ова е само за да те направи љубоморна!” И секако врз основа на тоа, дури и да се случи неочекувана свршувачка, ќе има коментари од типот на ,,колку е грд нејзиниот прстен, но без паника, од далеку се гледа дека е ова само за да те направи љубоморна тебе!”

…И до каде би одела цела оваа драматичност и бескрајно залажување? Дали тоа понекогаш е навистина пријателство или не, можеби и поекогаш зависи од црвеното светло. А се си има граници, нели?! Во ваквиот случај можеби е редно соочувањето со ,,лошата” и незгодна ситуација во која сте се нашле и апсолутно затворање на таа стара врата полна со безнадежни убедувања.

….. Но, без разлика на се, вие секогаш ќе бидете поубавата! А него ќе му биде тешко цел живот и ќе живее во сомнеж и беда и копнеж по вашите прегратки… и… Како и да е! Поубава сте, нема што!

To Top