Новости

Женски муабети

3 потези кои можат да ја спасат врската после афера!

Тоа е болно, тоа е срамно, чудно и лошо чувство. Микс на емоции и од едната страна и од другата. И од онаа која изневерува и од онаа страна која е изневерена. На никој не би му ја посакувае оваа ситуација, но ако веќе размислуваме за неа како проблем, би искоментирале дека некои луѓе не сакаат и не можат да простат неверства, но ако сте од оние кои и покрај се ќе сакате да ја вратите љубовта, еве неколку совети како да би постапиле за да ја спасите врската после настаната афера.

1.Аферата не е секогаш знак за лош брак
Луѓето мамат од многу причини, но многубројни студии покажуваат дека многу неверства се мотивирани од недоволната реализација на одредени сексуални потреби од страна на партнерот што изневерил. Проблемот се јавува затоа што партнерите понекогаш го потиснуваат незадоволството и наместо тоа отворено да го дискутираат, тие го решаваат овој проблем на начин што ќе му наштетат на другото лице.

Сепак, ова не мора да значи дека овој однос или брак е лош, туку спротивно на тоа, би значело дека партнерите немаат вистинска комуникација. Важно е да се надмине чувството на непријатност или страв дека другата страна нема да биде разберана. И двајцата треба да се ислушаат без притоа да се осудваат и пред се да покажат разбирање.

2. Постојано префрлање на улогите на “сторител” и “жртва”
Во времето кога се случила прељубата, лицето кое го извршило чинот, автоматски ја добива улогата на “сторител”, а измамената личност ја игра улогата на “жртва”. Во тој момент е сосема нормална таа реакција, особено ако одлучите да прекинете врска или брак поради прељуба. Меѓутоа, ако сакате да ја зачувате љубовната врска без оглед на аферата, тогаш треба да се воздржите од таква поделба на улоги, бидејќи на долг рок нема да донесе ништо добро. Наместо тоа, фокусирајте се на пронаоѓањето на причините за прељуба и обидете се повторно да го воспоставите односот во кој владее довербата.

3. Подготвеноста на прељубникот отворено да зборува за извршеното неверство

Ова првенствено вклучува разговор за отварање на дискусија за тоа колку другата страна била повредена од аферата. Прељубникот мора да се соочи со болката и гневот што своевремено бил предизвикан. Ова помага за исфрлање на негативните емоции од страна на двајцата партнери особено од страна на измамениот партнер, а помага при изразено чувство на вина и жалење за настанатата прељуба од страна на сторителот на аферата. Тоа би значело признавање на грешката, соочување, а последователно простување и решавање на проблемот.

Хммм, Прељуба? Афера? Не знаеме колку би биле спремни да простите, но ако сте спремни да се борите за вашата љубов и одлучни дека постои нешто кое би го спасувале, се надеваме дека барем малку сме ви помогнале.

GOLD
To Top