Новости

Женски муабети

5 знаци дека вашата врска се распаѓа!

Бракот е еднаквост, споделување на истите соништа, прилогодување кон вкусовите на другиот партнер, самокритичност, заедничко решавање на проблемите, истрајност и одговорност. Како би препознале дека сето тоа започнува да се руши и дека можеби е време да ги преземете работите под ваша контрола?!

Нееднакво трошење на времето и парите за секојдневните потреби!

Вие рабoтите и прекувремени часови само за да вашите финансии да бидат доволни за потребите на вашиот партнер иако вие не користите ништо од тоа. Некој себично ужива, додека вие чекорите по најмачниот пат? Не е фер зар не?!

Кога само еден од вас има корист од заедничкото живеење!

Некогаш порано вие сте делеле се. Сте имале исти вкусови, а во спротивно лесно сте се прилагодувале на идеите и потребите на вашиот партнер. Сега тоа е само далечно минато. Себични сте и не ни помислувате да споделите нешто со некого, па камоли со вашиот партнер. Нешто не е како што треба, нели?

Повеќе немате финансиска поддршка!

Не е тоа независност што ви се случува, затоа то не заборавајте на миговите „и во добро и зло“! Доаѓаат и потешки времиња, каде само еден од партнерите може да заработува. Не е лошо, да ги сподели своите успеси и бенифиции, а не гордо и дрско да се повлекува без притоа да помогне.

Немате нa кого да му се потприте!

Знаете со сигурност дека не можете да си дозволите да се разболите бидејќи нема да ви биде овозможена никаква помош. Партнерот за вас смета дека можете да се снајдете и сами и дека вие не сте дете. Сурово можеби?

Постојани критики!

Тој/таа постојано ве критикува и на секој добиен и заслужен ваш успех не ви ја дава доволната пофолба, наместо тоа се однесува како да не е ништо тоа што сте го направиле. Одмавнува со главата и сменува некоја друга тема.

Студирајте на БАС
To Top