6 типови на партнери со кои не би требало да излегувате по секоја цена! - Шеталиште

Новости

Женски муабети

6 типови на партнери со кои не би требало да излегувате по секоја цена!

Нарцисоидни

Ваквиот тип на карактер, никогаш не би се задоволил само со вашето единствено внимание. Нарцисот секогаш бара се повеќе и повеќе. Комплиментите никогаш не му се доста, а ако вие имате толеранција и доволно трпение да бидете со некоја ваква особа на која егото му е над сите гранци, па дури и над вашата љубов, нека ви е со среќа!

Премногу романтични

Убаво е да се биде романтиен, внимателен и нежен, но не премногу и не драматичен до стапен на патетичност. Ваквиот партнер, секогаш од вас ќе бара некои невозможни нешта, затоа што во спротивно, нормалното секојдневие ќе му биде досадно. Премногу во облаци, зар не?

Без самодоверба

Можеби таа е клучна за она што се нарекува спокој во една врска. Како и да е, ваквиот пристап, без самодоверба и постојани прашања во врска со тоа дали сеуште сте вљубени во него или сомнежите искажани во врска со вашето израување на чувства кон него, можеби и не е баш најдобар. Вие постојано, ќе треба да ја докажувате и покажувате вашата љубов, но никогаш нема да биде сето тоа доволно. Премногу труд, зар не?

Себични 

Себичниот човек е оној кој е секогаш болен, секогаш е во право, секогаш заборава на вас и на вашиот труд и можеби никогаш не ви простува вам, а сeбе си, секако дека секогаш. Тој е оној тип на човек на кој и да му речете: „Не се чувствувам баш најдобро“, нема да ви помогне, туку ќе ви возврати: „И јас исто. Цел ден имам главоболка!“ Тој не ја регистрира вашата болка, туку за да ја прескокне таа ситуаија каде би требало да се помогне, почнува да се самосожалува себе си, секогаш ставајќи се на прво место.

Депресивни и самосожалувачи

За нив, секогаш е негативно, чашата е полупразна и тие секогаш го гледаат дното. Дури и во најлуксузниот апартман со пет ѕвездички, тие знаат да откријат пајажинка и да ги видат најлошите нешта иако тие скоро и не постојат. Самосожалувајќи се, секогаш ќе бараат помош од вас, ќе се жалат и постојано ќе бидат депресивни. Внимавајте, многу лесно може да ве повлечат и вас во нивното дно. А никој, не би го посакувал тоа!

Критичари

И покрај давањето комплименти кон него, трудот и пофалбите кон неговите успеси, тие секогаш ве критикуваат и ви наоѓаат недостатоци и маани кои според нивното „перфекционистичко – совршено“ око, треба да ги поправите. Фрустрацијата и комплексот штотуку не ви затропала на врата, доколку ја продолжите ваквата врска.

 

 

To Top