Новости

Женски муабети

7 сурови факти за бракот пред кои не можеме да замижиме!

Многу нешта се менуваат во текот на бракот. Со време се случуваат и доста непријатни и не баш убави промени. Но, замислете. Нема место за паника. Сите тие, едноставно би требало да ги разбереме како нова фаза и состојба во која се наоѓа нашиот живот, а и љубовниот статус.

1.Понекогаш довербата станува многу кревка!

Секако дека се случува ова и не е никаква новост. На почетокот воопшто не сте се сомневале во вашиот партнер, но по некој извесен период, вие почнувате да се сомневате во секоја негова постапка. Важно е да го издржите ова и да си ја вратите довербата најповеќе кон себе, а потоа кон партнерот.

2.Понекогаш ќе ви биде досадно иако сте заедно!

Во вашите први романтични состаноци и прошетки нити еднаш не сте почувствувале момент на монотонија и нешто што би се нарекло„досада“. Епа драги мои дамички, доаѓа и тој период каде едноставно немате што да си кажете. Се разбира дека ова не е кажано во негативен контекст и се разбира дека имате да си го кажете и повторите она познато „те сакам“, но постојат моменти кога едноставно несвесно трагате по својата приватност. Во тие минутки, можеби и треба да си ја дозволите.

…Зашто сепак, ова не е бајка, а и она познатото „И си живееја среќно до крајот на својот живот“ никаде не ни го презентирале и објасниле во целост.

3.Постојат моменти каде ќе имате чудни мисли!

„А што ако не бев со него? Можно е ли да бев посреќна со некој друг?“ За овие прашања можат да размислуваат дури и најсреќните парови и тоа обично кога се осамени. Размислувајте на ова, исто како кога би се прашувале (а сигурни сме дека се имате) „Што ако живеев во Јапонија?“

4.Нема секогаш да бидете на иста страна!

Од време на време ќе ги менувате ставовите и нема секогаш да се согласувате за истото. Тоа не значи дека вие повеќе не сте сродни души, туку уште повеќе се приближувате кон спротивниот карактер. Но, во овие не баш пријатни дебати, важно е да останете трпеливи, да не избувнувате и да најдите заедничко решение.

5.Бракот и децата не се одлука и не спасуваат туку-така љубовни врски!

Многу парови, за жал размислуваат дека бракот и децата се оние кои ќе ги пополнат празнините и ќе ја спасат нивната врска од некој претходен пропаст. Изгледа дека не е така и всушност ова е можеби најголемата сопка која можат да си ја направат. Бракот е прекрасен, но него го реализираат партнерите, меѓусебниот однос и односот и љубовта кон нивните деца. Можеби е тежок самиот почеток и самиот има многу неправилности, нелогичности и тешкотии, но подоцна неговото функционирање станува исто како возење точак, а низ каков пат ќе го возите тоа „нешто над две тркала“, зависи само од вас двајца.

6.Вие нема секогаш да си сте привлечни еден на друг!

За жал страста е онаа која полека полека може да се изгустира низ годините и едноставно да згасне, па љубовта станува посмирена. Но, и помудра. Најважното нешто е да не се третира ова како проблем. Едноставно, се може да се поправи. Од друга страна пак, гледајте на љубовта поинаку. Таа може да се најде во ралични облици и димензии. Во младоста можеби е луда и незапирлива, а понатаму таа е смирена и мудра. И едната и другата емоција се допадливи. Никогаш не ја обвинувајте староста. Само така би се чувствувале навистина остарени! Едноставно, љубете како што сега ви прилега и сакајте го тој моментален пристап!

  1. Љубовта не може да опстане сама!

Напати треба да се потсетиме дека љубовта не е само емоција, туку и акција. Двата од партнерите подеднакво треба да бидат вклучени во функционирањето на врската, зашто во спротивно еден не може да го задржи огнот. Колку и да гори, еден ден може да згасне.

GOLD
SN Finansii
To Top