Новости

Женски муабети

Што кога сите наoколу се во среќни врски, а вие сте се уште сами?

Време е за тишина. За малку кревање кочница или можеби спуштање во лер. И таму, во таа надолнина, сите се прегрнуваат. Велат оти прегратката е најстар гест кој изразува култура. И како небаре на мајтап, досадно гледате во очите на љубовта за која веќе од поодамна не верувате дека навистина постои.

Наоколу сите си пронашле некоја своја десна рака, страна, половина или што и да е. А вие сте сами. Упорно сте ја барале љубовта во секого, во секоја врска, во секои две очи за кои сте мислеле оти ќе ве пратат вечно, во секоја рака што ве држела дури сте шетале во парк, на вечера, в кревет…

„Кокета?“- Тивко се обвинувате.Макар и една ноќ да сте биле со него, вие сте верувале и замислувале оти Тој е оној кој ќе ве гледа вљубено пред олтар и ќе биде најсреќен дури си кажувате судбоносно ,,да” за цел живот заедно. За цел век. Вие верувавте, се надевавте, живеевте во приказни и животот беше оној кој црпеше инспирација и енергија од вас, а не вие од него. Дури и соништата дрско е да се рече, но ќе се потврди оти ве сонувале вас, а не нив вие.

Сега е тишина. Сите тие некогашни „верувања“ се оженети, во брак. Имаат деца, семејство, работа… Имаат нешто што се вика институција – брак. Нешто за кое одамна сонувате, а уште од поодамна сте одалечени од него. Им почнал нормалниот живот. А вие молчите. Сами. Без никој и ништо на светов. Немате ни со кого да флертувате….И што е најтрагично можеби сега и не барате да ве љубат и да љубите, туку едноставно барате некој. Партнер. Машка рака, некоја поддршка, иднина…Доста ви е од бајка! Но, ништо нема. Само молчите и се гледате во празно.

Децата на вашите пријателки растат. Постојано им купувате подароци, алишта, чорапчиња, пелени, играчки од истото место. ( Да, да, животот функционира, а вие стоите в место.) Дури продавачот ве гледа натажено кога и да влезете и кога и да му побарате некои шпикознички за уште едно ново бебе на нивниот свет. Молчите и седите во празно. Чувствувате како животот минува, а вие ко споулавени во една точка се гледате и пот ладна ве облива. Дури балони му носите на уште една „најнова невеста или мамичка“. Како она „тик – так“ да заборавило да забави малку и летнало времето, а вие… Вие сте сеуште сама. Што сте пропуштиле? Вреди ли да беше денес вчера и да проверите каде сте погрешиле?

А сте се запрашале ли колку е вистина оти сте погрешиле?! И што ако еден ден си кажете оти е доста и не си признаете оти само се самосожалувате и ништо повеќе од тоа. Што ако не почнете да се обожавате баш онаква каква што сте?! Што ако сфатите оти светот поради вашата болка не запира и како за промена не почнете да се разгалувате себе си, само и само вложувајќи во себе си. Размислете и разберете оти цело време на светов го имате само за себе! Читајте книги, учете јазик, шетајте низ светот, волонтирајте, правете добри дела, а за возврат ништо не очекувајте. Оставете му простор на Бог или светот или во било што и да верувате да си го направи своето и да го скрои вашиот план токму онаков каков што посакувате.

Правете се, но не молчете! Престанете да молчите! Немојте да се труете со огорченост, зашто болката само болка раѓа, а вие проклето најмалку го посакувате тоа!

To Top