Новости

Живот

Џим Рон: Бескрајните пространства на имагинацијата

Веќе 40 години Џим Рон им помага на луѓето низ светот да ја прошират својата имагинација колку што е можно повеќе. Тој се смета за најдобриот американски бизнис-филозоф. Починал на 5 декември 2009 година, а неговите инспиративни цитати сè уште се пренесуваат. Ова се неколку од нив:

1. Дисциплината е мостот помеѓу целите и достигнувањата.

2. Не можете да ја смените својата дестинација преку ноќ, но можете да ја смените вашата насока преку ноќ.

3. Не ве плаќаат на час. Ве плаќаат за вредноста што ја давате на тој час.

4. Успех е извршување на вообичаените работи, извонредно добро.

5. За да решите кој било проблем, поставете си 3 прашања. Прво, што можам да направам? Второ, што можам да прочитам? И трето, кого можам да прашам?

6. Добрата страна на лидерството е да им се помогне на оние што работат слабо – да работат добро и да им се помогне на оние што работат добро – да бидат уште подобри.

7. Успех не е да се биде следен, туку да се биде привлечен од лицето во кое прераснувате.

8. Работете повеќе на себеси отколку на професијата што ја имате.

9. Мотивацијата е почетната точка. Навиката е онаа што ве одржува во движење.

10. Има само 3 бои, 10 цифри и 7 забелешки. Важно е само она што ќе го направиме со нив.

11. Среќата не е нешто што го одложуваме за иднина, туку е нешто што го дизајнираме за сегашноста.

12. Времето е повредно од парите. Можете да заработите повеќе пари, но не можете да добиете повеќе време.

13. Мора да преземете лична одговорност. Не можете да ги смените околностите, годишните времиња, ветрот, но можете да се промените себеси.

14. Ако не ви се допаѓа како стојат работите, променете ги.

15. Афирмација без дисциплина е почеток на заблуда.

16. Ако навистина сакате нешто да направите, ќе најдете начин. Ако не сакате, ќе најдете изговор.

17. Сите мора да страдаме од една од овие две работи: болката на дисциплината или болката од каење и разочарување.

18. Успехот не е ништо повеќе од неколку едноставни одлуки, применувани секојдневно.

19. Среќата не е случајна, таа е избор.

20. Еден од најголемите подароци што можете да ги дадете некому е вниманието.

Извор: Факултети.мк

GOLD
GoldSlot
To Top