Новости

Живот

Бидете благодарни – Се`е како што треба да биде

Веројатно многу пати сте се запрашале зошто баш вам ви се случила ситуацијата низ која поминувате, зошто сте избрале одреден пат и за што служи сето тоа – и тогаш изреките како „сѐ е како што треба да биде“ и „го привлекуваш она што си“ можат многу да помогнат ако ги прифатите.

Но во случај да барате подлабоки одговори на своите прашања, можно е да лутате.

Ние знаеме дека сите сме креатори кои континуирано околу себе креираат реалност со својот свесен и несвесен ум.

Содржината на несвесниот ум не ја познаваме најдобро сѐ додека не забележиме резултат во реалноста. Знаеме дека ние сме го креирале и дека сме го привлекле она што сме во својот живот.

Често се случува и кога ќе посведочиме на негативен исход во реалноста, да се обвиниме дека сме го привлекле она што сме. Или ги обвинуваме родителите, искуството или други околности кои ги всадиле во нас тие ограничувања за да не дојдеме до целта.

Но, дали сте помислиле дека и верувањата што ги имате и што ве ограничуваат некогаш сте ги привлекле? Имено, ако законот на привлекување дејствува континуирано, а ние во животот го привлекуваме она што сме, тогаш и уверувањата се тука затоа што треба да бидат.

Во човековото постоење постои натсвесниот ум, кој е помалку познат, но многу значаен.
Натсвеста знае како треба да биде и таа е водилка во животот, а помага и во стекнување на искуствата. Во првиот дел од животот кога собираме уверенија ние сме под влијание на натсвесниот ум, кој ја креира смислата на животот.

Во вториот дел од животот личноста која има верувања, од една страна, и желба за напредок, од друга страна, кога има потреба за напредок, ја праќа спонтано или свесно својата желба и универзумот започнува да составува начини за реализирање на нова стварност.

Прво доаѓаат до израз верувањата од детството. За да го промените негативното верување, мора да признаете дека го имате, а со тоа сме веќе на патот да се спознаеме себеси и што заслужуваме. Потоа од искуството што го привлекуваме ги спознаваме пораките кои ги праќа истото, при што доаѓа до промена на верувањата и вибрацијата се подига.

Многу е важно на искуствата на погледнете како на огледало. Само тоа може да ви каже што да промените, како да го промените начинот на размислување и кои пораки да ги извлечите.
Но најважно е да сфатите дека сѐ е како што треба да биде и да се прифатите себеси во секој момент, а и секако, да останете на висока вибрација.

Karmen
To Top