Новости

Живот

Животни патеводилки: „Малку страст, малку сочувство, малку хумор и малку стил“

Постојат некои реченици што остануваат вечно и може да се применат кај секого, без оглед на која возраст е.

– „Во само два збора можам да го сумирам сето она што сум го научил во животот: Животот продолжува“ – Роберт Фрост.

– „Животот се состои од околу 10 отсто од она што ни се случува и 90 отсто како одговарате на тоа“ – Лу Холц.

– „Нашата примарна цел во овој живот е да им помогнеме на другите. А ако не можеме да им помогнеме, барем да не ги повредуваме“ – далај-лама.

– „Многу од животните неуспеси доаѓаат од луѓе што не сфаќаат колку биле блиску до успехот кога се откажале“ – Томас Едисон.

– „Животот не е проблем што треба да се реши, туку реалност што треба да се искуси“ – Јакобус Јоханес Лиу.

– „Важна работа не треба да биде колку години останале во вашиот живот, туку колку животи останале во вашите години“ – Едвард Стиглиц.

– „Живееме од она што го добиваме, а си создаваме себеси живот од она што го даваме“ – Винстон Черчил.

– „Мојата животна мисија не е да преживеам, туку да напредувам; и тоа да го направам со малку страст, малку сочувство, малку хумор и малку стил“ – Маја Ангелоу.

– „Не сфаќајте го животот премногу сериозно. Никогаш нема да се извлечете живи од него“ – Елберт Хубард.

– „Секоја личност мора да го живее својот живот како модел за другите“ – Роза Паркс.

– „Мојата животна филозофија е да одлучиме што е тоа што сакаме да го реализираме во животот и потоа да работиме напорно за да ја реализираме таа цел, со што никогаш не губиме – и тоа како секогаш победуваме“ – Роналд Реган.

– „Животот не се врти околу тоа колку брзо трчате и колку високо можете да се искачите, туку колку сте добри во доскок“ – Вивијан Комори.

– „Секој живот се состои од грешки и лекции, чекање и напредување, практикување трпеливост и упорност“ – Били Грахам.

– „Оној што ќе престане да учи е стар, без оглед дали има 20 или 80 години. Оној што учи останува млад. Најдобрата работа во животот е да го одржувате умот млад“ – Хенри Форд.

– „Квалитетот на нечиј живот е правопропорционален со неговата посветеност да биде исклучителен, без оглед на областа од неговото дејствување“ – Винс Ломбарди.

– „Најважното и најупорното животно прашање: „Што правите за другите?“ – Мартин Лутер Кинг.

„Најголемата авантура што можете да ја искусите е да го живеете животот од вашите соништа“ – Опра Винфри.

GOLD
GoldSlot
To Top