Новости

Живот

Кетрин Денев категорична: „Кампањата против мажите е класично пуританство!“

Француската дива Катрин Денев и уште други 99 Французинки ја нападнаа кампањата против мажите, која почна откако беше откриен скандалот со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин. За француската актерка кампањата против сексуалното вознемирување наречена #Metoo е пуританска и се води од омраза кон мажите.

„Оваа потреба да се праќаат мажи во кланица, место да им се помогне на жените да бидат поавтономни, им помага на непријателите на сексуалната слобода. Оваа кампања е типично пуританство. Оваа одмаздничка правда ги казнува мажите на работно место, некои беа принудени да дадат отказ, само затоа што допреле нечие колено, сакале да бакнат некого или зборувале за интимни работи за време на вечера. Ние го браниме правото на блискост, затоа што таа е важна за сексуалната слобода“ пишува во писмото кое го потпишаа 100 жени, меѓу кои и Денев.

Evrotip
Евротип
To Top